24фудбал

Памти па врати, Малага во 2016 го прати Леванте во Секунда, сега Леванте ја прати Малага во втора лига (ВИДЕО)

Леванте направи нов чекор кон опстанок откако вечерва пред своите фанови длабоко во судиското надополнување стигна до триумф од 1-0 над Малага

Шпанија

Во мај 2016, во рамките на 36 коло од Примера, Малага стигна до контроверзна победа од 3-1 над Леванте и го испрати противникот во Секунда.

Леванте на нашиот Енис Барди сега им врати мило за драго. Со голот на Боатенг во 93. минута домаќините стигнаа до три важни бода во битката за опстанок и во ист момент го испрати ривалот во втора лига.

По овој пораз, Малага нема математички шанси за опстанок. Леванте пак на пет кола до крајот има 34 бода, односно седум повеќе во однос на Депортиво Ла Коруња.