24фудбал

Торино во Несторовски ја гледа идеалната замена за Белоти за идната сезона

Италијанскиот прволигаш во нашиот репрезентативец гледа единствено квалитетно решение за дупката која би ја оставил Белоти со неговото евентуално заминување од клубот ова лето.

Македонија

Италијанските медиуми пренесоа дека Милан на секаков можен начин се обидува да дојде до потписот на Андреа Белоти, еден од најбараните напаѓачи на европскиот пазар, а Торино се обидува пак да извлече максимум од неговата евентуална продажба која е се поизвесна ова лето.

„Тутоспорт“ истовремено пишува дека Торино веќе почнал да ја бара замената за својот напаѓач за идната сезона, а како прв избор се споменува нашиот репрезентативец и капитен на Палермо, Илија Несторовски.