24фудбал

Тренерот на Бока Јуниорс потврди: Остварени се контакти со Буфон

Буфон и во петтата декада од својот живот ќе продолжи со фудбалот, но овој пат во Јужна Америка, барем така се најавува.

Италија

Бока Јуниорс е опција за Џанлуиџи Буфон, легендарниот италијански голман кој ја игра последната сезона во дресот на Јувентус каде ја мина целата своја кариера.

Буфон не успеа ниту во последната сезона мината во италијанскиот првак да го подигне трофејот во Лигата на шампионите, нешто што му беше огромна желба, а се шпекулираше дека тој нема да се пензионира по крајот на сезоната, туку би можел да го облече дресот на Бока Јуниорс, информациите ги потврди и тренерот на Бока, Гилермо Барош Скелото.

Претседателот Даниел Анхеличи ми рече дека контактирал со Буфон, разговарале на опцијата тој да го засили нашиот тим, сепак, деталите разговори ќе следат идниот месец“ издвои шефот на стручниот штаб на аргентинската екипа.