Категорија: Македонија 21.04.2018 17:29
„Сицилијанците“ ќе мораат да се снаоѓаат без повредениот Илија Несторовски, и во отсуство на капитенот, Александар Трајковски доби шанса во форот. Македонецот уште еднаш покажа дека заслужува поголема минутажа и со гол и аситенција го предовдеше Палермо до победа од 3-0 над Авелино.
Коронадо од белата точка ги донесе домаќините во предност од 1-0, а на стартот од вториот дел Трајковски му асистираше на Ла Гумина за 2-0. Во 73. минута, репрезентативецот на „Црвено-жолтите“ прецизно биеше од 11 метри за 3-0.