24фудбал

Трката за Скудетото станува жешка, Наполи со гол во 90. минута го победи Јуве (ВИДЕО)

Со гол на Кулибали во 90. минута Наполи со 1-0 победи на гостувањето кај Јувентус и се доближи на само еден бод до актуелниот италијански шампион правејќи ја трката за титулата исклучително интересна.

Италија

На четири кола до крајот Јувентус има само еден бод предност пред Наполи кој денеска славеше голема победа на гостувањето во Торино.

Наполи мораше да победи за да остане во битката за трофејот, така и се одвиваше мечот, тие повеќе напаѓаа и имаа повеќе можности за гол иако и Јуве имаше свои шанси.

Натпреварот беше решен во 90. минута кога по асистенција од Каљехон, Кулибали постигна гол кој значеше големи три бода за Наполи.

Во последните четири натпревари Наполи ќе чека кикс на Јувентус кој уште во следното коло има тежок дуел, му гостува на Интер кој се бори за место во Лигата на шампионите.