24фудбал

Погба одговори на шпекулациите за заминување од Олд Трафорд и го објасни односот со Мурињо

Пол Погба во интервју за медиумите од Франција огвори на гласините за напуштање на Манчестер јунајтед и проговори за неговиот однос со менаџерот Жозе Мурињо

Англија

Во последно време, иднината на Пол Погба е топ тема на „Островото“. Се говори дека неговиот однос со Жозе Мурињо е непоправил до тој степен што Португалецот побарал фудбалерот да биде продаден.

Наводно веќе е утврдена и цената на Французинот, „Ѓаволите“ бараат помеѓу 120 и 140 милиони фунти за играчот кој пред две години го платија 89 милиони фунти.

Ваквите стории сега ги прокоментира самиот Пол Погба, кој вчера беше гостин во шоуто Канал Фудбал Клуб.

„Немам никаков проблем со Мурињо. Мислам дека и тој нема никаков проблем со мене. Тој е тренерот, ги носи одлуките и јас како играч треба да ги прифатам. Тоа е се“ - вели Погба.

„Ме постави како капитен, ми даде одговорност во голем клуб како Манчестер јунајтед“.

За својата иднина, Французинот додава: „Во моментов сум во Манчестер јунајтед и мислам само на сегашноста, финалето од ФА Купот и Светското првенство. Не мислам на трансфер“.

Медиумите исто така шпекулираат дека неговиот агент, Мино Рајола веќе остварил неколку контакти и ПСЖ пројавил најконкретен интерес.

„Дали сум ги слушнал гласините за ПСЖ? Не, ако ги слушав другите ќе играв за Марсеј, Амиен, Дижон, Манчестер Сити или Реал Мадрид, па затоа не ги слушам“.