24фудбал

Неапол „гореше“ кога Наполи му даде гол на Јуве, како ли ќе биде ако го освојат Скудетото!? (ВИДЕО)

Вистинско лудило се случуваше синоќа во Неапол кога Кулибали во 90. минута ја затресе мрежата на Јувентус.

Италија

Кога Кулибали погоди, почна огномет низ цел Неапол, пиротехника како да е нова година. Можеме само да замислиме како ќе биде доколку Наполи го освои Скудетото, а има реални шанси за тоа бидејќи Јувентус има две тешки гостувања, едното кај Интер, второто кај Рома.