24фудбал

Азар го предупреди Тотенхем: Не се откажуваме од пласманот во топ четири во Премиерлигата

Белгиецот вели дека Челси нема да се предаде се’ до крајот на шампионатот.

Англија

Првата ѕвезда на Челси, Еден Азар вели дека Челси ќе се бори до крајот на Премиерлигата за да обезбеди место во топ четирите екипи од табелата во шампионатот, во моментов има пет бода негатива зад четвртопласираниот Тотенхем, а заостанува осум бода зад Ливерпул, кој пак има и меч повеќе.

Ние се уште се надеваме дека ќе завршиме во топ четири на табелата од Премиерлигата, ќе биде тешко, но некогаш тешките предизвици можат да бидат и добри на крајот“ издвои Азар.

Ќе дадеме максимум од себе, се надеваме дека нашите ривали ќе пропуштат некои бодови“ додаде офанзивецот на тимот од Лондон.

На Челси му преостануваат дуелите на домашен терен со Ливерпул и Хадерсфилд, како и гостувањето кај Њукасл. Меѓу другото, тимот на Конте ќе игра и во финалето од ФА Купот против Манчестер јунајтед.