24фудбал

Го бараа Баерн, Дортмунд, Јуве и Ливерпул, тој реши да игра во втора лига

Во денешно време верните фудбалери се вид во изумирање, но се уште има примери кои покажуваат дека парите не се сè, таков е случајот на Јонас Хектор од Келн

Германија

27 годишниот лев бек, кој со Германија ги одигра сите минути на Европското првенство во Франција, а во 2017 се закити со злато на Купот на Конфедерации, можеше да бира каде ќе се пресели по крајот на сезоната.

Келн е на пат да испадне во втората лигата а со тоа се активира клаузула со која Јонас Хектор може да замине за смешна сума на пари. Па многу клубови ширум Европа пројавија интерес, помеѓу нив се и имиња како Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Ливерпул и Јувентус.

Сепак, фудбалерот на големо изненадување реши да стави потпис на нов договор со „Јарците“ и да ја продолжи верноста до 2023.

„Со Келн од регионална лига стигнав до националниот тим на Германија. Благодарен сум му на клубот и се чувствувам комфорно со животот во Келн. Без проблем можев да заминам во друг клуб по крајот на сезоната, но тоа не е правиот потег. Изминативе недели одржавме неколку разговори и имав доволно време да размислам. Одлуката е јасна, му припаѓам на Келн и сакам во новата сезона да ги бранам боите на овој клуб заедно со овие фанови – го објасни својот избор Јонас Хектор.