24фудбал

На Секулов му беше потребна една минута да погоди за Јувентус на дербито против Торино! (ВИДЕО)

Талентираниот македонски фудбалер постигна убав гол во дресот на Старата Дама.

Македонија

Никола Секулов, 16 годишниот македонски фудбалер, член на тимот на Јувентус за фудбалери до 16 годишна возраст, постигна убав гол против Торино во градското дерби во мечот од младинската конкуренција на Италија.

Интересно, Јувентус со голот на Македонецот поведе уште во првата минута, а Торино конечните 1-1 од средбата ги постави во завршницата.


Инаку, Секулов е роден во Пјаченца, Италија, но со македонско потекло, досега има настапи за нашиот национален тим за фудбалери до 16, односно 17 годишна возраст.