24фудбал

Нејмар му открил на Меси дека има две понуди за напуштање на ПСЖ

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Нејмар му се доверил на Лео Меси и му соопштил дека има два предлога на маса за напуштање на ПСЖ, едниот е од Реал Мадрид а вториот од Манчестер јунајтед

Шпанија

И покрај тоа што Нејмар и „Каталонците не се разделија пријателски, играчот остана во добар однос со Лео Меси, Луис Суарез, Жерард Пике и останатите играчи.

Тој во неколку наврати се врати во Барса и беше на гости кај Аргентинецот. Неодамна самиот Нејмар откри како започнало неговото пријателство со Лео Меси и како му е благодарен за советите кои ги добил на почетокот од кариерата на Камп Ноу кога се мачел со адаптацијата.

Дон Балон сега пренесува дека Нејмар му се доверил на Лео Меси за својата иднина, и му открил дека има две понуди на маса за да го напушти ПСЖ: едната е од Реал Мадрид а втората од Манчестер јунајтед.

Меси му сугерирал дека преферира да го прифати предлогот на „Ѓаволите“ бидејќи не сака да го види во дресот на лутиот ривал. Сепак, Нејмар ставил јасно до знаење дека нема проблем да игра против Лео и останатите пријатели од Барса доколку ја прифати понудата на „Кралевите“.