24фудбал

Алвес: Доколку Барселона ме повика, уште утре би се вратил

Бразилецот вели дека е постојано на располагање на каталонската екипа.

Шпанија

Дани Алвес мина осум години во дресот на Барселона, а во истите подигна 23 трофеи, фудбалерот на ПСЖ вели дека Барселона е неговиот дом, додавајќи дека, доколку го побараат од таму, уште утре ќе се врател.

Барса е мојот дом, неверојатно е да кажам дека не би се вратил таму, доколку ме повикаат уште утре би го сторил тоа“ рече тој.

Доколку би рекол дека не бев повреден поради тоа што си заминав, би излажал, тоа беше болно за мене, учествував во една историја на клубот со резултати кои и самиот клуб никогаш не ги помислувал“ додаде Бразилецот.