24фудбал

Македонецот блесна: Два гола од слободен удар на Барди против Атлетик Билбао! (ВИДЕО)

Македонецот одигра фантастично прво полувреме на Сан Мамеш Арената во Билбао.

Македонија

Леванте има водство од 1-2 по првите 45 минути игра на гостувањето кај Атлетик Билбао во мечот од редовното коло од шпанската Примера, а двата гола за тимот од Валенсија ги постигна нашиот репрезентативец Енис Барди со што донесе пресврт во корист на својата екипа.

Првиот гол Барди го постигна во 42. минута, а вториот две минути подоцна, и двата од идентична позиција од слободен удар.