24фудбал

Матераци: Интер ќе има двојно задоволство ако го победи Јувентус!

Легендарниот фудбалер на Интер, Марко Матераци вели дека неговиот поранешен тим не смее да загуби од Јувентус во саботниот натпревар.

Италија

Интер води голема битка за пласман во топ четири во Серија А, а Јувентус има само еден бод предност пред Наполи.

Интер брка победа за себе, за да остане во игра за местата кои водат во Лигата на шампионите, но и да му го загорчи животот на својот голем ривал кој може да ја изгуби титулата.

„Интер не смее да ја пропушти оваа шанса да направи важен чекор напред кон Лигата на шампионите и вистински да му ја искомплицира ситуацијата на големиот ривал Јувентус“, вели Матераци.

„Доколку тие не победат во Милано, ризикуваат да паднат од првото место и тоа би било двојно задоволство за Интеристите“.

„Не ме сфаќајте погрешно, знам дека тие ќе бидат лути и уште поопасни, но „Џузепе Меаца“ е наш дом и Јувентус не смее да победи во нашиот дом“.

„Доколку не го победиме Јувентус ќе биде тешко да завршиме во најдобрите четири“.