24фудбал

Почетни состави: Клоп со ударното трио во нападот по домашна победа, Ди Франческо со проверени сили по изненадување

Познати се почетните состави за првата полуфинална пресметка во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Ливерпул и  Рома вечерва ја отвораат полуфиналната рунда натпревари во Лигата на шампионите, англискиот тим го елиминираше Манчестер Сити во претходната фаза, Рома пак, направи големо изненадување со тоа што ја елиминираше Барселона.

Веќе се познати и почетните состави за вечерашната пресметка која се игра на Енфилд арената, Јирген Клоп се реши за формациска поставеност од 4-3-3, не отстапува од истата, со тоа што во нападот како најистурени ќе бидат Мане, Фирмино и Салах, Египјанецот кој игра во животна форма, а во Ливерпул дојде токму од Рома.

Од друга страна, Ди Франческо исто така ќе игра во стандардната постава на тимот од Рим, а најистурен во нападот ќе биде Џеко, веднаш позади него како странични полушпицови ќе бидат Андер и Наинголан.


Ливерпул: Кариус, Ван Дијк, Ловрен, Милнер, Фирмино, Салах, Хендерсон, Мане, Окслејд-Чемберлејн, Робертсон и Александер-Арнолд.

Рома: Алисон, Наинголан, Жесус, Стротман, Џеко, Коларов, Де Роси, Андер, Фацио, Флоренци и Манолас.

Ливерпул и Рома имаат седум меѓусебни средби досега, италијанскиот тим доминира со четири победи, додека пак англискиот има забележано една победа, еден натпревар завршил нерешено, и тоа без голови.

Мечот на Енфилд арената ќе го суди германскиот арбитар Феликс Брих.