24фудбал

Артета уште не дојден го шокирал и вознемирл составот на Арсенал со својата одлука

Микел Артета и Арсенал начелно постигнале согласност за Шпанецот да го наследи Арсен Венгер но една од неговите први одлуки предизвикала шок и вознемиреност во редовите на „Топчиите“

Англија

Арсенал имаше неколку кандидати за менаџерското столче, но откако Масимо Алегри остана верен на Јувентус, „Топчиите“ се насочија кој Микел Артета.

Последните информации велат дека Шпанецот со лидерите на клубот начелно постигнал согласност за да го наследи Арсен Венгер. Тој се уште не ставил потпис на договорот, но во следните денови ќе пристигне потврда.

Иако се уште официјално не е вратен на Емирати, Микел Арета со една од своите први одлуки предизвикал шок и вознемиреност во редовите на „Топчиите“.

Имено, клубот од Северен Лондон оваа недела направи голема чистка на персоналот и се раздели со голем број луѓе. Отказ доби и првиот човек на лекарскиот персонал, Колин Левин, кој беше дел од Арсенал 23 години.

Се говори дека Микел Артета имал директно влијаел врз одлуката и дал зелено светло за заминување на Левин поради несогласување од времето кога тој го носеше дресот на „Топчиите“, односно поради тоа што по одлука на докторот избрзал со враќањето на терените по една повреда.

Но оваа одлука не помина добро кај играчите, БиБиСи вели дека голем дел од нив биле шокирани и вознемирени.