24фудбал

Се избламира: Сите му се смејат на Бенатија по „корпата“ која ја доби од хостесата (ВИДЕО)

Момент кој фудбалерот на италијанскиот првак долго ќе го памети.

Италија

Јувентус денеска го подигна победничкиот пехар од овосезонската Серија А, која ја затвори со победа над Верона од 2-1, во фокусот на вниманието беше повлекувањето на Џанлуиџи Буфон од Старата Дама, многу емоции имаше во моментите кога излегуваше од теренот, но, имаше и еден доста интересен детал за време на церемонијата на доделувањето на пехарот.

Медхи Бенатија беше расположен, очигледно многу повеќе од тоа, па реши да и се додвори на една атрактивна хостеса, таа го игнорираше и не сакаше да се ракува со него, па во моментов фудбалерот на Јувентус е мета на потсмев поради оваа „корпа“ која ја доби пред очите на целата јавност.