24фудбал

Официјално: Анчелоти го презеде кормилото во Наполи

Искусниот италијански фудбалски стратег и официјално седнува на клупата на вицепрвакот од Серија А.

Италија

Денес претседателот на италијанскиот прволигаш Наполи, Аурелио Де Лаурентис ја информираше јавноста дека клубот се разделува со Маурицио Сари, упати благодарност до искусниот фудбалски стратег но не прецизираше кој ќе биде негов наследник.

Веќе и официјално, само неколку часа по таа објава на Лаурентис, Наполи го промовираше Карло Анчелоти за наследник на Сари на клупата на таа екипа, а договорена е тригодишен договор.

Среќен сум што ќе бидам тренер на екипа во еден таков уникатен град со неверојатни навивачи“ рече Анчелоти во изјавата за „Скај Спорт Италија“ затечен на аеродромот при пристигнувањето во Италија.