24фудбал

Иниеста летна за Далечниот Исток по нова авантура (ФОТО)

Андрес Иниеста сподели слика на социјалните мрежи за да ја најави новата авантура во својата кариера, Шпанецот е на пат кон Јапонија каде ќе потпише со Висел Кобе

Шпанија

Откако се збогува со Барселона, Андрес Иниеста започнува нова авантура. Играчот долго време се поврзуваше со преселба во Кина, се споменуваше плата од која боли глава, како и бизниз предлози (откуп на вино) вредни десетици милиони евра.

Сепак, Шпанецот реши кериерата да ја продолжи во Јапонија и денеска отпатува за Далечниот Исток во придружба на Хироши Микитани, првиот човек на спонзорот на Барселона, Ракутен.

Андрес Иниеста вечерва се огласи на социјалните мрежи, на Твитер сподели фотографија и напиша: „Патувам во мојот нов дом, со мојот пријател Хироши Микитани“.

Новата дестинација на играчот е Висел Кобе, клуб кој е во сопственост токму на Хироши Микитани.