24фудбал

Добри вести за фановите на Палермо, Несторовски е подготвен да го врати тимот во Серија А

Капитенот на италијанскиот второлигаш во целост е подготвен да му биде на располагање на својот тим.

Македонија

Палермо можеше, но, не избори место помеѓу двете најдобри екипи во Серија Б сезонава со што ќе обезбедеше директен пласман во Серија А за идната сезона, промоција во елитното друштво на Италија направија Емполи, како и Парма.

Тимот од Сицилија ќе почне од полуфиналната фаза во плејоф рундата за влез во Серија А, а за противник ќе го добие подобриот од дуелот помеѓу Венеција и Перуџа, мечот се игра на 30 месецов.

Според информациите кои пристигнуваат од Сицилија, се вели дека Илија Несторовски, нашиот репрезентативец и капитен на Палермо е рехабилитиран целосно од повредата со која се здоби претходно, а воедно ќе биде на располагање на својот тим да му помогне во остварување на целта за сезонава откако се вратил на тренинзите и работел со своите соиграчи на истите во полна пареа.


 

Извор: palermo.gds.it