24фудбал

Арсенал има две желби од Серија А, истите се и на радарот на Јувентус

Тимот од Лондон ќе има голем ривал во Старата дама за двајцата фудбалери кои се на списокот на желби за ова лето.

Италија

Арсенал фрли око на фудбалерот од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини, како и Денис Прае од Сампдорија, тие обајцата се таргет и на италијанскиот шампион Јувентус.

„Скај Спорт Италија“ пренесува дека Арсенал и нивниот нов тренер Унаи Емери посебни симпатии имаат кон Пелегрини, а фудбалерот на Рома го ставиле како главна трансфер цел во претстојниот летен преоден рок, а тој има откупна клаузула во својот договор со тимот од Рим во висина од 30 милиони евра.

Алтернатива доколку не успеат обидите за да се ангажира Пелегрини е белгискиот талентиран фудбалер од Сампдорија Прае.