24фудбал

Фекир испрати порака до Ливерпул: Зошто да не?

Фудбалерот на Лион игра во животна форма, а за неговиот потпис водат битка неколку европски гиганти, меѓу кои и Ливерпул.

Англија

Офанзивецот на францускиот прволигаш Лион, Набил Фекир ги коментираше шпекулациите со кои медиумите го поврзуваат со трансфер во англискиот Премиерлигаш Ливерпул, велејќи дека тој е отворен за преговори, додавајќи дека тоа е нешто за што ќе се дискутира во блиска иднина.

Зошто да не? Ќе има разговори со претседателот, со моите поблиски соработници, одлуката ќе ја донесеме откако добро ќе ги согледаме сите опции, за да донесете некоја одлука во животот, ништо не е забрането“ рече тој.