24фудбал

Фулам и Астон Вила играат за најголемата парична награда во светот на фудбалот, во прашање се 170 милиони фунти!

Иако сите очи се вперени кон Киев, на „Островото“ Фулам и Астон Вила ќе се борат за влез во Премиерлигата и најголемата парична награда во светот на фудбалот

Англија

Можеби финалето од Лигата на шампионите е најспектакуларниот натпревар кога е во прашње клупскиот фудбал, но кога се работи за паричната награда и економските предобивки, му нема рамен на баражот за влез во Премиерлигата.

Од 18 часот на Вембли силите ќе ги одмерат Астон Вила и Фулам, а победникот покрај тоа што ќе избори промоција во елитата ќе си обезбеди и голема финансиска награда. Проценките велат дека овој меч носи најмалку 170 милиони фунти. 95 милиони фунти е минималната сума која се добива за сезона во Премиерлигата, а останатите 75 милиони фунти се исплати во следните три години во случај клубот веднаш да се врати во Чемпионшип.

Но доколку по промоцијата се обезбеди и опстанок, приходите се многу поголеми и се движат и до 280 милиони фунти.