24фудбал

Социјалните мрежи се активираа: Очигледно треба два офсајди за на Реал да му биде поништен гол (ВИДЕО)

Критичарите одново со замерки за помошта која ја добива Реал Мадрид од судиите, „Кралевите“ треба да бидат во две офсајд ситуации за да им биде поништен гол

Лига на Шампиони

Реал Мадрид и Ливерпул на полувреме заминаа со 0-0, но мрежата на „Црвените“ се стресе кон финишот на првиот дел.

По една нафрлена топка, Роналдо биеше со глава, Кариус со одлична интервенција одбрани, но Бензема прв стигна до топката и погоди за 1-0. Сепак славјето на Французинот траеше кратко, помошникот го крена знаменцето за офсајд.

Но од повторените снимки се гледа дека судијата требаше да реагира многу порано бидејќи и Роналдо беше во офсајд ситуација.

Па социјалните мрежи веднаш се активираа и критичарите на шега велат дека очигледно треба да има два офсајди за да се поништи гол на Реал Мадрид.