24фудбал

„Бомба“ на Роналдо по последниот свиреж: Ми беше убаво во Мадрид, за неколку дена...

Кристијано Роналдо ги загрижи навивачите на Реал Мадрид по последниот свиреж на Олимпискиот стадион во Европа и сугерираше дека заминува од Сантијаго Бернабеу

Шпанија

Откако стигна до титулата број 5 во Лигата на шампионите, четврта во дресот на „Кралевите“, ЦР7 даде кратко интервју за беИН Спорт и излезе со изненадувачка изјава. Кристијано Роналдо сугерираше дека заминува од Сантијаго Бернабеу.

„Ми беше убаво во Реал Мадрид, во следните неколку дена ќе дадам одговор на фановите кои секогаш беа на моја страна – порача Португалецот.

„Сега треба да уживаме во овој момент бидејќи креиравме историја.