24фудбал

Кедира: Реал е послаб без Озил

Сами Кедира вели дека ’Кралевите’ се послаби без Месут Озил во тимот, но додава дека тие сеуште располагаа со многу квалитетни играчи

Шпанија

Во последниот ден од летниот преоден рок, репрезентативецот на Германија потпиша за Арсенал во трансфер вреден околу 50 милиони евра.

Дел од фановите изразија незадоволство од ваквата зделка, а се говореше дека и неколку играчи, помеѓу кои и главната ѕвезда Кристијано Роналдо, не биле среќни со продажбата на плејмејкерот.  

Во интервју за Kicker, Сами Кедира вели дека секој тим би бил послаб доколку загуби играч од класата на Месут Озил, но верува дека Реал Мадрид има доволно квалитет во своите редови.

„Секој тим би бил послаб доколку загуби играч од калибарот на Месут Озил” – рече Кедира.

„Многу фудбалер на Реал, помеѓу кои и јас, жалеа што Месут Озил заминува, се работи за најдобриот играч во светот на неговата позиција”.

„Сепак, во тимот имаме голем број на квалитетни фудбалери”.

Кедира исто така вели дека тие сеуште не можат во целост да ги разберат барањата на новиот тренер Карло Анчелоти.

„Не играме добро”. - продолжи репрезентативецот на ’Панцирите’

„На моменти можеби прикажуваме добри игри, но во поголемиот дел од времето играме премногу комплицирано, премногу индивидуално”.

„Не знам дали во прашање е само време или нешто друго, но сеуште не можеме да се пронајдеме како тим”.

Кедира е свесен дека тие мораат да го подигнат нивото со цел да фатат приклучок со лидерите Барселона и Атлетико Мадрид.

„Мораме да се подобриме за кратко време”.

„Барса игра многу конзистентно, а Атлетико победи на сите натпревари”.