24фудбал

Нејмар однесен во болница

Ѕвездата на бразилската репрезентација, Нејмар веднаш по напуштањето на теренот бил пренесен во болница во Форталеза.

СП 2014

Бразилската јавноста ја слави победата над Колумбија но во исто време е и загрижена поради повредата на својата главна ѕвезда, Нејмар.

По еден дуел со Зунига, Нејмар доби удар поради поради кој на носилки беше изнесен од теренот.

Медиумите велат дека Нејмар со амбулантно возило веднаш бил пренесен во болницата во Форталеза каде што треба да биде утврдена тежината на повредата.

Луис Фелипе Сколари ќе има сериозно главоболки во пресрет на дуелот со Германија, селекторот нема да може да смета на Тиаго Силва поради суспензија, а голем удар за Бразил ќе биде и доколку Нејмар не настапи поради повреда.