24фудбал

Рицоли ќе го суди финалето

Италијанскиот судија Никола Рицоли ќе го суди финалето од светското првенство помеѓу Германија и Аргентина.

СП 2014
Бидејќи во финалето се најдоа една европска и една јужноамериканска селекција, многумина очекуваа дека ФИФА ќе назначи арбитар од Азија, но одлуката падна на Никола Рицоли.
 
„Ги одбираме најдобрите судии за најдобрите натпревари, Италијанецот ќе го суди финалето" - изјави Џим Бојс, претседателот на судискиот комитет на ФИФА.
 
Рицоли судеше на три натпревари на светското првенство од кои два пат и судеше на Аргентина, ја делеше правдата кога Гаучосите играа против Нигерија, и во четвртфиналето против Белгија.
 
Исто така беше судија на натпреварот помеѓу Холандија и Шпанија, кога Лалињата му одржаа вистинска лекција на сеуште актуелниот шампион.