24фудбал

Лев: Мислам дека ќе ги победиме

Селекторот на Германија, Јоаким Лев вели дека Аргентина не е само Меси, но верува дека на крајот Германија ќе се радува на трофејот од светското првенство.

СП 2014

Германија го демолираше Бразил со 7-1 за пласман во финалето, па Панцирите влегуваат како благ фаворит против Аргентина.

Во таборот на Гаучосите сите очи се вперени кон Лионел Меси, Лев мета дека Аргентина е многу повеќе од ѕвездата на Барселона, но верува дека неговите фудбалери ќе го добијат финалето.

„Аргентина не е само Меси. Би било погрешно ако размислуваме така, тие имаат играчи како Игуаин, Ди Марија, Агуеро" - вели Лев.

„Мислам дека ќе биде тешко во финалето, но знаеме колку сме силни и верувам дека ќе победиме".

„Не се плашам, знам какви дуели имале овие две репрезентации во минатото. Аргентина прикажува многу добри перформанси на овој турнир".

„Знаеме дека можеме да креираме историја бидејќи до сега ниту еден европски тим не освоил на овој континент. Па титулата би имала дополнителна тежина".

„Зрел тим сме. Покажавме што можеме да направиме, во изминатите години маршираме напред".

„Оваа репрезентација и германскиот фудбал имаат светла иднина без разлика што ќе се случи на утрешниот натпревар".