24фудбал

Робен: Горд сум на овој тим

Арјен Робен е задоволен од победата над Бразил и крајот на светското првенство иако смета дека Холандија можела и чекор подалеку.

СП 2014

Холандија синоќа со 3-0 го победи Бразил и ја освои бронзата на светското првенство.

Одличен финиш на Лалињата кои пред почетокот на шампионатот не беа во групата на фаворити.

„Ова беше одличен крај, мало задоволство по елиминацијата во полуфиналето, но не комплетно. Разочарувањето останува, бевме многу блиску. Заслуживме повеќе" - вели Робен по натпреварот.

„Исцрпен сум, дадов се од себе".

„Го заслуживме третото место. Горд сум на овој тим, комплименти за сите".