24фудбал

Геце: Сонот стана реалност

Херојот на Германија, Марио Геце не може да го опише чувството по постигнатиот гол, тој е горд на големиот трофеј.

СП 2014
Со гол на Марио Геце во 113. минута, Германија стана светски шампион, Панцирите ја запишаа четвртата ѕвездичка на дресот.
 
„Чувството е неверојатно, не знам како да го опишам. Само шутнав и не знаев што се случуваше. Беше неверојатно" - изјави Геце.
 
„За нас сонот стана реалност. Многу сум горд на тимот и екстремно среќен поради се што се случуваше во Бразил".
 
„Секој фудбалер во нашиот тим го заслужи ова, многу сме горди што го освоивме овој трофеј".