24фудбал

Меси: Болно е кога ќе загубиш вака, бевме многу блиску

Главната ѕвезда на Аргентина, Меси е тажен по поразот од Германија, но и горд на пласманот во финалето и играта на аргентинската репрезентација.

СП 2014
Меси не успеа да го оствари сонот, да победи со Аргентина на светско првенство, а беше многу блиску до тоа.
 
Аргентина имаше свои шанси да постигне гол, да победи и да го освои големиот трофеј, но тоа не се случи, Германците беа тие кои се радуваа.
 
„Со години немавме стигнато до полуфиналето, фактот што сега игравме финале и начинот на кој го одигравме е нешто на кое можеме да бидеме горди" - изјави Меси по натпреварот.
 
„Но заслуживме повеќе и затоа сме тажни. Напаѓачите ги пропуштија шансите кои ги имавме. Чувството е лошо бидејќи не успеавме да го освоиме пехарот и да им го дадеме на нашите луѓе".
 
„Болно е кога ќе изгубиш вака. Бевме многу блиску, но не успеавме".