24фудбал

Лев: Му реков на Геце да му покаже на светот дека е подобар од Меси

Селекторот на Германија, Јоаким Лев има само пофалби за Марио Геце, фудбалерот кој со погодок во 113. минута го одлучи финалето.

СП 2014
Јоаким Лев е горд на своите фудбалери кои на Германија и ја донесоа четвртата титула од светските првенства.
 
Германија креираше и историја, тоа е првата европска репрезентација која го освои светското првенство на јужноамериканско тло.
 
„Геце е фантастично момче, може да игра на секоја позиција. Знаев дека секогаш може да одлучи натпревар и овој пат постигна одличен победнички гол\" - вели Лев.
 
„Му реков \'океј покажи му на светот дека си подобар од Меси и дека можеш да го решиш светското првенство\'\".
 
„Имав добро чувство за него\".
 
„Мислам дека ова е само старт на оваа генерација бидејќи немаме многу фудбалери кои имаат преку 30 години\".
 
„Видете ги Геце, Милер, Озил и Ројс кој не беше тука, има многу фудбалери кои сеуште можат многу да освојат во нивните кариери\".
 
„Во 2000 и 2004 година германскиот фудбал беше паднат, па одлучивме да превземеме чекори и да инвестираме повеќе во едукацијата на фудбалеритe\".
 
„Креиравме посебни центри кои требаше да го подигнат квалитетот, имавме голема помош од Бундеслигата и благодарен сум им на клубовите кои го направија тоа, овој пехар од светското првенство е продукт на одлична едукација и тренинг во Германија\".