24фудбал

Сабела: Честитки за моите фудбалери, ја оставија кожата на теренот

Селекторот на Аргентина, Алехандро Сабела има само пофалби за своите фудбалери по поразот од Германија во финалето на светското првенство.

СП 2014
Сабела по долго време и донесе финале на Аргентина, но мисијата не беше комплетирана, Гаучосите загубија од Германија.
 
Сепак селекторот е горд на своите фудбалери за кои вели дека изгинале на теренот.
 
„Фудбалерите беа воини. Ја оставија кожата на теренот. Дадоа се од себе" - вели Сабела.
 
„Тимот одигра едно исклучително светско првенство. Фудбалерите можат да се погледнат во очи и да кажат дека дале се од себе".
 
„Ако земеме во предвид кој ни беше противник и дека имавме ден помалку одмор од нив, ова беа нашите најдобри перформанси".
 
„Игравме ден подоцна и тоа продолженија, па единствено можам да им честитам на моите фудбалери, исто да и честитам и на Германија".
 
За разлика од повеќето, Сабела смета дека Меси ја заслужил титулата најдобар фудбалер на светското првенство.
 
„Меси секогаш е еден од најголемите. Ја заслужи наградата".