24фудбал

Игуаин сака да остане во Наполи

Агентот на Гонзало Игуаин вели дека Аргентинецот е среќен на Сан Паоло и не планира да замине од Наполи

Италија

Се шпекулира дека напаѓачот е трансфер цел на Ливерпул но според Николас Игуиан, никој не стапил во контакт со нив.

Во разговор со Radio Crc тој исто така додава дека неговиот брат Гонзало е среќен на Сан Паоло и не планира да замине.

„Дали Ливерпул го посакува Игуаин? Не зборувам Англиски, само Италијански, Француски и Шпански” – вели Николас.

„Не сум остварил контакт со ниту еден клуб. Никој не ми се јавил а и не сакам да покажам непочитување кон Наполи, тоа нема да биде фер”.

„Аурелио Де Лаурентис е прекрасна личност, чесен човек па не можам да се однесувам некоректно”.

„Гонзало не размислува за заминување од Наполи”.

Запрашан дали работите ќе се променат доколку ’Наполитанците’ не играат во Лигата на Шампионите следната сезона, тој додава: „Верувам дека тимот ќе се избори за третото место”.

„Не сум разговарал со ниту еден тим, Гонзало е релаксиран, има договор со Наполи и не планира да замине бидејќи е среќен”.