24фудбал

Почина поранешниот селектор на Македонија, Слободан Сантрач

На 70 годишна возраст од срцев удар почина легендата на југословенскиот фудбал и првиот селектор странец на Македонија, Слободан Сантрач.

Македонија

Почина Слободан Сантрач, првиот селектор странец на македонската фудбалска репрезентација.

Во Македонија беше селектор кратко во 2005 година, претходно ја водеше селекцијата на Југославија од 1994 до 1998 година.

Во играчката кариера Сантрач беше страшен голгетер, играјќи за ОФК Београд дури четири пати ја добиваше наградата за најдобар стрелец во југослевенската лига, го носеше и дресот на Партизан.