24фудбал

Милан со специјален дрес во чест на сопственикот Силвио Берлускони (ФОТО)

„Росонерите“ на дуелот со Торино ќе истрчаат со специјален дрес со кој ќе го одбележат убавиот јубилеј на Силвио Берлускони кој слави 30 години на чело на клубот

Фото

На предната страна од дресот со златни букви е извезено „20 февруари 1986 – 20 февруари 2016 Силвио Берлускони“.

Овие дресови потоа ќе бидат ставени на аукција, а сите пари собрани од продажбата ќе бидат наменети за Фондацијата Милан.

Силвио Берлускони стана сопственик на Милан во 1986 година и во „Росонерите“ има инвестирано повеќе од 1 милијарда евра.