24фудбал

Полицијата го запленила Ламборгинито на Насри вредно 330 000£ (ФОТО)

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Самир Насри привремено остана без својата скапа играчка, Ламборгини Авантадор

Фото

Медиумите од „Островото“ пренесуваат дека Самир Насри во неделата на пат кон Етихад Стадионот за големото градско дерби помеѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед, бил сопрен од полицијата.

Французинот ги немал потребните документи за своето Ламборгини Авантадор, односно супер автомбилот вреден околу 330 000 фунти не бил регистриран за возење во Велика Британија.

Па полицијата морала да го заплени автомобилот, и Самир Насри привремено ќе остане без својата скапа играчка.