24фудбал

Паје: Ако пред една година некој ми кажеше дека ова ќе се случи немаше да му верувам

Херојот на Франција, Димитри Паје проговори за победоносниот гол против Романија и солзите во очите кога го напушташе теренот

СП 2014

Фудбалерот на Вест Хем е најзаслужен што „Триколорите“ со победа го започнаа Европското Првенство.

Димитри Паје најпрво му асистираше на Оливие Жиру а потоа во завршните мигови од средбата со прекрасен погодок и донесе победа од 2-1 на Франција.

„Доколку пред една година некој ми кажеше дека ова ќе се случи, немаше да му верувам – рече Паје по крајот на натпреварот.

Дидје Дешам го извади Паје пред последниот свиреж, играчот беше испратен со овации од трибините, емоциите го совладаа па Димитри го напушти теренот со солзи во очите.

„Во еден период бев многу далеку од репрезентацијата и настап на ЕП. Работев напорно за да бидам тука.

„Притисокот беше голем, па по погодокот, емоциите ме совладаа.