24фудбал

Пораката од Тони Крос дополнително го мотивира Герет Бејл

Герет Бејл утре со Велс сака да ја помине Португалија и во финалето да игра против Германија поради пораката која ја добил од неговиот соиграч Тони Крос.

ЕУРО 2016

Велс игра првенство од соништата, деби кое ги надминува сите очекувања. Утре против Португалија ќе се борат за влез во големото финале.

Белј открива каква порака добил од Тони Крос пред почетокот на првенството.

„Се сеќавам Тони Крос ми рече дека имаме само три натпревари тука. Па убаво би било да се сретнам со него во финалето“ - открива Герет Беjл.

„Тоа беше добра шега, но низ годините трпев многу такви“.

„Кога губевме и бевме 100ти во светот, луѓето ми велеа, „Ти имаш девет недели одмор наместо две““.

„Па среќен сум сега кога конечно играм на голем турнир со нашиот национален тим“.