24фудбал

Роналдо го израмни рекордот на Платини

Со погодокот против Велс, Кристијано Роналдо се израмни со Мишел Платини и му фали уште еден погодок да биде најдобар стрелец во историјата на Европските првенства.

ЕУРО 2016

Кристијано Роналдо руши рекорди и кога нема блескаво првенство. Португалецот денеска го одигра својот најдобар натпревар во Франција ја однесе својата земја во големото финале.

Ова беше третиот гол на Роналдо на ова Европско првенство, вкупно девети, колку што има Мишел Платини.

Со погодок во финалето Кристијано Роанлдо ќе стане најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства.

Интересно, Роналдо сите три голови на ова првенство ги постигна во Лион, два против Унгарија и вечерашниот против Велс.