24фудбал

Франција е во финале, Светскиот шампион на колена пред Гризман! (ВИДЕО)

Гризман е херојот на Франција, домаќинот со 2-0 ја победи Франција и се пласира во големото финале од Европското првенство каде ќе игра против Португалија.

ЕУРО 2016

Франција ја доби големата битка со Германија и во недела ќе се бори за големиот пехар на Европското првенство.

Германија играше добро во првото полувреме, беше подобар противник, но во судиското продолжение Швајнштајгер играше со рака, судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Гризман за водство на Франција од 1-0.

Германија мораше да нападне во вториот дел и да ја анулира негативата, но ја немаа полетноста од првиот дел, напротив грешеа многу.

По една таква грешка падна вториот гол, Гризман постигна уште еден гол за победа на Франција од 2-0.

Во продолжението Германија се обидуваше да се врати во игра, Кимих ја погоди стативата од голот на Лорис, но не успеа да го совлада.

Франција заслужено се пласира во финалето и во недела против Португалија ќе се бори за европскиот трон.

Германија дојде на Европското првенство за да ги обедини круните, но не успеа во намерата, можеби е време за смена на селекторската позиција.