24фудбал

Ледли распали по Роналдо: Го немаше цел натпревар

Репрезентативецот на Велс, Џо Ледли не е импресиониран од перформансите на Кристијано Роналдо и покрај тоа што капитенот на Португалија забележа гол и асистенција во полуфиналето

ЕУРО 2016

ЦР7 ја надскока одбраната на Велс за да ја донесе Португалија во водство, а само неколку минути подоцна му аистираше на Нани за победа од 2-0 и пласман во финалето.

Но Џо Ледли не е импресиониран од Кристијано Роналдо, репрезентативецот на Велс вели дека ѕвездата на Реал Мадрид воопшто не бил инволвиран во играта и го немало никаде речиси цел натпревар.

„Тој е еден од оние играчи кои ве фрустрираат – вели Ледли. „Го немаше никаде цел натпревар и потоа погоди.

„Не беше инволвиран во играта за разлика од Бејл. Герет постојано е инволвиран, постојано ја бара топката, ја има во нозе, дрибла и се обидува да направи нешто.

„Примивме два посрани гола.

„За вториот погодок на Португалија, ударот на Роналдо беше јалов. Вообичаено од таму знае добро да распали, но сега шутна очајно а Нани се најде на право место и го промени правецот на топката.

„За голот со глава, очигледно Роналдо може да скокне, но освен тоа тој не направи ништо друго.

„Не можете да ги оспорувате неговите способности, тој е фантастичен фудбалер, еден од најдобрите. Но ние имавме еден од оние денови во кои работите кои тои ги направи се реализираа.

„Тој сега е во финале, и сите му посакуваат се најдобро.