24фудбал

Марк Клатенбург ќе го суди натпреварот помеѓу Франција и Португалија

УЕФА одлучи на Марк Клатенбург да му ја даде довербата да го суди финалето на Европското првенство во Франција.

ЕУРО 2016

Англискиот судија, Марк Клатенбург ќе ја дели правдата во недела кога во финалниот меч на Европското првенство ќе се сретнат Франција и Португалија.

Клатенбург го судеше и финалето од Лигата на шампионите во мај, по Педро Проенса во 2012 година, тој ќе биде вториот кој ги судел двете финалиња во иста година.

Помошници на Клатенбург ќе му бидат Симон Бек и Џејк Колин, дополнителни асистенти Ентони Тејлор и Андре Маринер, а унгарскиот судија Виктор Касаи ќе биде четвртиот судија.