24фудбал

Петр Чех се прости од националниот дрес

Голманот на Арсенал, Петр Чех објави крај на репрезентативната кариера, нема повеќе да брани за Чешка.

ЕУРО 2016

34-годишниот голман, Петр Чех е играчот со најмногу настапи за Чешка, 121 пат го носел националниот дрес од 2002 година до Европското првенство во Франција.

„Кога бев дете, мојот сон беше да бранам за националниот тим најмалку еднаш. Го направив тоа многу пати и горд сум“ - изјави Чех.

Голманот и преку својот твитер профил се збогува од репрезентацијата.