24фудбал

Гризман сега е ѕвезда на Франција, но можел да игра за Португалија

Во пресрет на финалето на Европското првенство помеѓу Франција и Португалија сите очи се вперени кон Антоан Гризман

ЕУРО 2016

Антоан Гризман е главна ѕвезда во тимот на Дидје Дешам, и со шест гола зад своето име сериозно се наметнува за награта најдобар играч на ЕУРО 2016.

Фановите на Франција полека почнуват да го гледаат Антоан Гризман како нивна верзија на Кристијано Роналдо, но лесно можело да се случи напаѓачот да игра покрај ЦР7 во дресот на Португалија.

Неговата мајка има португалско потекло, неговиот дедо Амаро Лопез е португалски фудбалер кој настапувал за Пасош Фереира, и Антоан Гризман како дете често одел на одмор во Португалија.

Во 2012, Антоан Гризман доби суспензија од една година откако на должност со младата репрезентација на Франција заедно со уште четворица играчи се забавувал до раните утрински часови.

Се говори дека во тој период напаѓачот ја разгледувал можноста да земе португалски пасош и да ги брани боите на Португалија.

Добил позитивни сигнали, но на крајот се предомислил и решил да остане верен на Франција.