24фудбал

Роналдо: Отсекогаш сум сонувал за трофеј со Португалија

Ѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо вели дека освојување на Европското првенство ќе биде остварување на неговиот сон, тој силно верува дека утре тоа може да се случи.

ЕУРО 2016

Кристијано Роналдо и Португалија дојдоа до големото финале на Европското првенство, за противник ќе ја имаат силната репрезентација на домаќинот Франција, но во последниот меч се може да се случи.

„Според мене Франција е фаворит бидејќи играат дома и тоа е голема предност. Целата земја ќе биде зад нив, но финале е, се може да се случи. Ние ќе бидеме подготвени и ќе им биде тешко да не победат. Откако почна турнирот никој не успеал да не победи, се надевам дека нема ни Франција“ - вели Кристијано Роналдо.

„Би било огромно достигнување за мене да освојам нешто со Португалија. Тоа е нешто за кое сум сонувал. Верувам во тоа, моите соиграчи веруваат, цела Португалија верува“.

„Пласманот во финалето е нешто посебно, имам среќа по втор пат да играм финале со Португалија“.

„Во финале се може да се случи. Знаеме дека играме против тежок противник, одличен национален тим, но финале е, никогаш не се знае. Мислам дека ќе биде тежок меч и за двете селекции“.

Роналдо стана единствениот фудбалер кој постигнал голови на четири Европски првенства, го изедначи рекордот на Мишел Платини со девет постигнати голови и стана единствениот играч кој настапил во две финалиња.

„Овие работи природно се случуваат. Се трудам да не бидам опседнат со рекорди. Тие се случуваат. Убаво е, но ништо повеќе. Се чувствувам добро, младо, силно. Па за мене најважно е да продолжам да бидам успешен“.

„Мораме да веруваме. Во недела Португалија за прв пат ќе освои голем трофеј“.