24фудбал

Роналдо нема да ги следи стапките на Меси

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош вели дека денешниот дуел со Франција во финалето на ЕУРО 2016 нема да биде последен за Кристијано Роналдо во репрезентативниот дрес

ЕУРО 2016

По поразот од Чиле и новото загубено финале на големо натпреварување, Лео Меси на огромно изненадување соопшти дека повеќе нама да игра за Аргентина.

Кристијано Роналдо, кој вечерва ќе ја предводи Португалија на дуелот со Франција во финалето на ЕУРО 2016, нема да ги следи стапките на неговиот ривал, и без разлика на исходот на средбата во Париз, тој ќе продолжи да го носи дресот на „Селесао“.

„Кристијано ќе игра уште шест, седум па можеби и десет години – вели селекторот на Португалија, Фернандо Сантош.

„Сигурен сум дека дуелот со Франција нема да биде негов последен.