24фудбал

Мурињо ја прослави победата на Португалија (ФОТО)

Жозе Мурињо од својот дом во Англија го следеше финалето на Европското првенство, а по него не пропушти да прослави и на социјалните мрежи.

ЕУРО 2016

По крајот на мечот, Жозе Мурињо преку својот инстаграм профил ја покажа својата радост откако Португалија стана Европски шампион.

Тој напиша: „Ако сакате да ја посетите земјата на Европските шампиони, посетете ја Португалија“.