24фудбал

Гризман како Балак

Антоан Гризман за само неколку недели доживеа два големи неуспеси, напаѓачот оди по неславните стапки на Михаел Балак

ЕУРО 2016

Французинот во мај со Атлетико Мадрид на пенали го загуби финалето од Лигата на Шампионите и беше еден од трагичарите на тој натпревар откако во регуларниот дел промаши од белата точка.

Антоан Гризман сега доживеа уште еден неуспех, овој пат во дресот на Франција беше поразен од Португалија во финалето на Европското првенство.

Напаѓачот вечерва имаше неколку добри шанси за гол, но не успеа да го совлада Руи Патрисио.

По новото разочарување, статистичарите веднаш посочија дека Антоан Гризман оди по неславните стапки на Михаел Балак.

Германецот во 2008 со Челси на пенали го загуби финалето од Лигата на Шампионите, а неколку недели подоцна доживеа пораз и во финалето на Европското првенство против Шпанија.